Поврзи се со нас

Други спортови

Фоњини се повлече од турнирот во Сардинија поради позитивен на тест за коронавирус

Рим, 14 октомври 2020 (МИА) – Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини се повлече од турнирот во Сардинија. Тој бил позитивен на тест за коронавирус, објави „Ла Република“.

Вчера тој во игра на двојки со Лоренцо Мусети загуби од Андреа Вавасори и Лоренцо Сонего.

Денес, 33-годишниот Италијанец, и прв носител на турнирот, требаше да започне со натпревар од второто коло против Роберто Карбалес Баена.

На местото на Фоњини ќе игра „среќниот“ губитник од квалификациите Данило Петровиќ. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама