Фудбал
Фонсека подготви изненадување за „Старата дама“
Во 19. коло од Серија А, Рома вечерва во 20:45 часот ќе го пречека Јувентус.
Со евентуална победа, „Бјанконерите“ ќе имаат можност да го престигнат водечкиот Интер, додека на Рома им се неопходни бодови во борбата за ЛШ.
Тренерот на „Волчицата“, Пауло Фонсека, подготви изненадување за вечерашниот натпревар затоа што според италијанските медиуми, тој планира да игра со формација од три стопери.
Рома треба да игра во системот 3-4-2-1, а стоп-триото ќе го сочинуваат 23-годишниот Мерт Четин, Смолинг и Манчини.
Во средниот ред ќе бидат Дијавара, Верету, Флоренци и Коларов. Нападот ќе го води Џеко, а ќе го поддржат Заниоло и Пелегрини.