Connect with us

Фудбал

Фонсека сака да го задржи Михтарјан во Рома

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека изрази желба да го задржи ерменецот Хенрик Михтарјан во составот по едногодишна позајмица.

Ерменецот сепак е фудбалер на Арсенал кој е на позајмица во Рома до крајот на сезоната. „Волчицата“ во неколку наврати се обиде да го откупи договорот од „Топџиите“, но очигледно нема да биде така лесно бидејќи тренерот на Арсенал, Микаел Аертет, исто така, планира да го врати во Лондон.

Сепак, Фонсека истакна дека желбата на Мхитарјан да остане во Италија.

„Сакам тој да остане во клубот, а и тој го сака тоа“, беа првите зборовите на Фонсека за Мхитарјан за руското ТВ-шоу „Great Football“ и продолжи:

„Сепак, треба да биде јасно дека сè е во моментов во пауза и ќе мора да разговараме со претставниците на Арсенал подоцна. Сакам да продолжам да работам со него затоа што тој е одличен фудбалер и одличен човек“.

Инаку, Ерменецот скоро сигурно ќе остане малку подолго на позајмица во Рома бидејќи ФИФА неодамна донесе одлука да ги продолжи сите заеми и сите договори што траеја до крајот на јуни затоа што сезоните речиси сигурно нема да завршат тука.

Да додадеме дека поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд постигна шест гола за Рома оваа сезона и запиша четири асистенции.