Други спортови
Формула 1 како никогаш досега: Две трки за две недели во Австрија?
Тимовите во Формула 1 и раководството на шампионатот разгледуваат голем број на опции за тоа што и како ќе се прави откако ќе започне сезоната конечно.
Како што Хелмут Марко, советник на тимот на Ред Бул, им откри на медиумите, една опција е да има две трки за две недели во Австрија. Датумите ќе бидат 5-12 јули.
На трката може да учествуваат над 2.000 луѓе, а на патеката само возачи, членови на тимот и претставници на ФИА.
„Планираме да одржиме две трки за две недели. Првата ќе биде на 5 јули, а втората седум дена подоцна. Тимовите ќе организираат сè. По пристигнувањето во Австрија, секој вработен ќе мора да има негативен тест за коронавирус. Во тек се преговори со други европски организатори“, изјави Марко за „ОФР“.
Инаку, претходно беше споменато дека можеме да видиме слично сценарио и во Велика Британија, односно на патеката „Силверстон“.
Организаторите и тимовите се обидуваат да надоместат се што е изгубено кога конечно ќе започне сезоната, а тоа е секако една од опциите што може да се стави во акција.
Патем, официјално се вели дека првата трка оваа сезона е онаа во Франција што треба да се вози на 28 јуни, но можно е и таа да биде одложена поради вирусот „Ковид19“. Досега се одложени вкупно девет трки. Сезоната требаше да започне пред повеќе од еден месец.