Други спортови
Формула 1 воведува уште три спринтерски трки од следната година
Вкупно шест старта на Формула 1 во сезоната 2023 ќе имаат спринтерски трки откако Меѓународната федерација на автомобили (ФИА) одлучи да додаде уште три во календарот.
Спринт трките добија сериозна популарност меѓу навивачите од нивното воведување минатата година. Во 2022 година, имаше слични стартови во Емилија Ромања, Италија и Австрија, а еден доаѓа во Сао Паоло, Бразил.
„Спринт трките додаваат повеќе емоции на трите дена трки, а возачите се натпреваруваат од самиот почеток. Тоа додава повеќе драма и возбуда во тркачките викенди“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
„Одговорот од нашите навивачи, тимови и партнери беше многу позитивен бидејќи форматот додава нови димензии на Формула 1, а ние сакаме да обезбедиме таков успех во иднина“, додаде тој.