Connect with us

Други спортови

Форс Индија исчезнува од најбрзиот циркус

Името „Форс Индија“ веќе не е дел од Формула 1, откако на официјалната стартна листа за 2019 година, тимот од Силверстоун го носи името „Рејсинг Поинт“ по преземањето на тимот од конзорциум на инвеститори предводени од канадскиот милијардер Лоренс Строл во август оваа година.

Форс Индија остана дел од името до крајот на сезоната поради правилата на ФИА дека името на конструкторот мора да стои на шасијата, која оваа година се викаше „Форс Индија“.

Следната година, Рејсинг Поинт ќе се трка со синот на Строл, досегашниот возач на Вилијамс, Ленс Строл и мексиканскиот пилот Серхио Перез, кој носи одлични спонзорски договори за тимот. Талентираниот Французин Естебан Окон останува без место во Ф1.