Connect with us

Фудбал

Фосу-Менсах јасен: Па, кој не сака да игра за Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Тимоти Фосу-Менсах има само една желба, а тоа е да остане во Манчестер Јунајтед.

Неговиот договор со овој клуб трае до 2021 година, но играчот се надева дека ќе го продолжи договорот и ќе остане во клубот.

“Кој не сака да игра за Манчестер Јунајтед. Да, сите мои мисли се насочени кон овој клуб. Се надевам дека ќе успеам во овој клуб затоа што го сакам Манчестер Јунајтед”, рече Фосу-Менсах, додавајќи:

“Мојата цел е да имам добри минути во овој клуб. Сакам да освојам трофеи и да направам спомени во овој клуб. Мислам дека е сон на многу играчи да дојдат во овој клуб”, заврши Фосу-Менсах.

Ќе видиме дали овој млад фудбалер успеал да ги исполни своите намери и да направи понуда за нов договор во Манчестер Јунајтед.