Фудбал
ФОТО: 20 години од трансферот на „предавникот“, кој ја смени историјата на купувањето на фудбалери
Поминаа точно 20 години од трансферот на Луис Фиго од Барселона во Реал Мадрид. Тоа е еден од најшокантните трансфери во историјата на фудбалот. Подоцна Фиго стана миленик на навивачите на Реал, но и ден денес е предавник за фановите на Барселона.
Трансферот, или поточно речено презентацијата на Фиго се случи на денешен ден во 2000-та година. Во јули истата година Флорентино Перез беше избран за претседател на Реал Мадрид, а само неколку часа подоцна полета за Лисабон за да преговара со Фиго.
Наводно преговорите траеле 20 часа, Фиго кажал да, а сумата била 61,9 милиони евра. Освен што стана „предавник“ на Барселона, Фиго стана и до тогаш најскапо платениот фудбалер, односно најскапиот трансфер.

Реал Мадрид тогаш немаше доволно пари, па Перез самиот се ангажираше да се најдат финансии да биде реализиран трансферот.
Токму овој момент ја смени историјата на трансферите. По Фиго, клубовите „фрлаа“ огромни суми на пари за купување на фудбалери. Од 61 милион евра во 2000-та година, последниот реализиране трансфер или поточно во 2019-та, за кој се потрошени огромни пари е оној на Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико Мадрид за 127 милиони евра.
Најголемиот на сите времиња е оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ во 2017-та година за 222 милиони евра.