Connect with us

Фудбал

ФОТО: „Алфредо ди Стефано“ го менува „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид до крајот на сезоната мечевите од Примера нема да ги игра на „Сантијаго Бернабеу“. „Кралскиот клуб“ одлучил да се пресели за време на пандемијата со коронавирусот на стадионот „Алфредо ди Стефано“. Како што е познато одредено време во Шпанија нема да има навивачи на стадионите, па поради тоа Реал одлучи да игра на помал стадион. Станува збор за стадион со 6 илјади места, се наоѓа во предградие на Мадрид каде воедно се наоѓа тренинг центарот на клубот. Овој мал стадион ќе биде опремен со релфектори и ВАР камери.