Connect with us

Фудбал

ФОТО: Баерн Минхен не губи време, го претстави новото засилување

Нов играч на германскиот првак е 23-годишниот англиски фудбалер Омар Ричардс, кој доаѓа од Ридинг, како слободен играч. Во овој тим е од 2017-та година откако стана сениор, а минатата сезона одигра 41 меч во Чемпионшиш.

Вредноста на пазарот изнесува пет милиони евра, а тој стигнува за нула евра како слободен играл. Игра на позицијата дефанзивец.