Connect with us

Фудбал

ФОТО: Барселона го нуди Гризман за двајца фудбалери на Јувентус

Само што завршрија една зделка, во која беа вклучени Артур Мело и Миралем Пјаниќ, Барселона и Јувентус би можеле повторно да соработуваат. Според информациите, Гризман можно е да се пресели во Торино. Тоа е практично желба на Барселона, бидејќи Французинот никако не може да се вклопи на „Камп Ноу“.

Јувентус е заинтересиран за овој играч, па Барса ќе се обиде да го искористи тоа. Гризман да го испрати во Торино, а во спротивна насока да допатуваат Рабио и Даглас Коста. Останува да се види дали такво нешто ќе биде прифатено од страна на „Старата дама“.