Connect with us

Фудбал

ФОТО: Барселона продава 12 играчи, цел еден тим, кој сигурно би се борел за висок пласман во Шпанија

Сезоната штотуку заврши, но Барселона веќе извесно време работи на своите летни трансфер планови.

Каталонскиот клуб веќе имаат желби на чие ангажирање работат, а примарна цел останува да биде Лаутаро Мартинез од Интер. Сепак, во Барса знаат дека мора да продаваат за да соберат пари да го купат Аргентинецот и да ги средат клупските финансии, нарушени поради коронавирусот.

Некои играчи во моментов не се во плановите на Кике Сетјен, а има и такви кои се на позајмици. Голем дел ќе бидат продадени, а „Марка“ пишува дека на тој список се наоѓаат 12 играчи. Комотно да се состави цел тим, кој според имињата на фудбалерите сигурно би се борел за висок пласман во шпанската Ла Лига. Формација на тимот според „Марка“ е 4-3-3.

На листата за продажби се наоѓаат:

Голман: Нето

Одбрана: Нелсон Самедо, Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Тодибо.

Среден ред: Ракитиќ, Видал, Рафиња

Напад: Дембеле, Кутињо, Брајтвајт