Connect with us

Фудбал

ФОТО: Барселона во историјата имала 58 тренери, кој е најдобриот?

Кике Сетјен е 58-ми тренер во клупската историја на Барселона. Каталонскиот клуб ги објави имињата на сите досегашни тренери и периодот во кој работеле.

Били Ламб во 1912та година станал првиот тренер на Барселона кој бил платен за оваа професија.

Со сите овие тренери Барса освоила 26 шампионски титули во Шпанија, 5 пехари во Лигата на шампиони, 3 светски клупски првенства и 30 пехари во домашниот куп.

За најдобар тренер се смета Јохан Кројф, кој каталонскиот тим го предводеше од 1988-ма до 1996-та година. Како тренер со овој тим има освоено 4 шампионски титули, еднаш Шпанскиот куп, три пати Суперкуп на Шпанија, еднаш Лига на шампиони, еднаш УЕФА Купот на победници на куповите и еднаш уефа Супер куп.

Но, покрај овие титули, за најдобар се смета поради познатата „тики-така“ игра. Кројф се смета за творец на овој начин на игра, по кој Барселона стана препознатлива. Многумина фудбалски стручњаци велат дека доколку не беше Кројф и неговата „тики-така“, можеби немаше да постојат Иниеста, Чави и Меси какви што денеска ние ги знаеме.

Веднаш зад Кројф според успешноста е Пеп Гвардиола.

На следниот ЛИНК имате можност да ги погледнете сите тренери во историјата на Барселона.