Поврзи се со нас

Тајмаут

ФОТО: Баш му е гајле за министерот и прекршувањето на протоколите, Роналдо ужива

Кристијано Роналдо објави фотографија од базен на Инстаграм, а под која напиша:

-Не дозволувајте она што не можете да го сторите да биде на патот на она што можете да го сторите.

Многумина ова го протолкуваа како еден вид ироничен и провокативен одговор до министерот за здравство на Италија кој изјави дека Роналдо ги прекршил протоколите кога заразен со коронавирус влегол во Италија, а требало да остане во Португалија во изолација.

Не е познато дали ќе има некакви санкции за Роналдо од здравствените власти, иако првиот човек на Јувентус, Ањели застана во негова одбрана.

Тестот на Роналдо се покажа позитивен на Ковид 19, но тој само два дена седеше во изолација во Португалија, па потоа реши со приватен авион да замине во Торино, што секако е против сите протоколи.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама