Фудбал
ФОТО: Битолчани качени на Туме Кафе ја гледаа првата победа на Пелистер
Бидејќи натпреварите од ПМФЛ се одигруваат без публика, љубителите на спортот се снаоѓаат како знаат и умеат да гледаат фудбал. Така беше и попладнево во Битола, за време на натпреварот Пелистер – Академија Панедев.
Дел од присутните преку ограда, а други пак се качија на Туме Кафе и од таму гледаа како Пелистер победува откако по две години се врати во ПМФЛ.

Поради заштита од коронавирусот, сите натпревари од ПМФЛ се играат без публика. Ова е прво коло од овогодинешното првенство.