Connect with us

Кошарка

ФОТО: „Бомба“, екс кошаркар на ЛА Лејкерс го засили Куманово

Кошаркаркиот клуб Куманово објави дека го ангажирале Американецот Џонатан Холмс. Кариерата ја почнал во колеџ тимот на Универзитетот во Тексас, потоа во 2015-та не успеал да биде драфтуван во НБА лигата, па се приклучил на Бостон Селтикс во летната лига, каде на девет мечеви во просек постигнувал по 10 кошеви и пет асистенции, а на теренот минувал 20тина минути. Во август 2015-та потпиува за ЛА Лејкерс во октомври се откажа од него, односно го раскина договорот. Одигра само два претсезонски натпревари, на вториот ги искина лигаментите, поради што го немаше шест месеци. Во 2016-та за Мемфис игра во летната НБА лига, а потоа потпишува за Кливленд. Но, ни тогаш не се развива како што треба неговата НБА кариера, па заминува во Европа. Во 2017-та беше дел од Барселона, потоа играше и за Хапоел Тел Авив, Јокохама од Јапонија, а последен негов клуб е шпански Реал Кану.

КК Куманово претходно ги ангажираше Кејлеб Џозеф, Ненад Зивчевиќ, Андреј Настовски, Ѓукан Ѓукановиќ и Ѓорѓе Каплановиќ.

View this post on Instagram

A post shared by KK KUMANOVO 2009 (@kkkumanovo)