Тајмаут
ФОТО: Бонџорно Италија – По шпагетите и книгите, Леота конечно на прошетка низ Милано
Италијанската спортска водителка Дилета Леота, скоро два месеци се наоѓаше во карантин, почитувајки ги мерките кои ги донесе владата во Италија.
Згодната водителка која е магнет за машката популација кога се играат натпревари во Италија, конечно излезе на мала прошетка низ улиците на Милано, а тоа го евидентираше со фотографија на Инстаграм.
„Прва прошетка по 58 денови изолација“, напиша Дилета на својот Инстаграм профил.
Во меѓувреме за време на карантинот, таа го „убиваше“ времето со читање книги и пред се со готвење, кое честопати го истакнуваше како прва страст.
ИЗВОР: SPORTCLUB.mk