Connect with us

Фудбал

ФОТО: Борусија Дортмунд со објава, која е протолкувана како провокација за Манчестер Јунајтед

Џејдон Санчо речиси цело лето се поврзуваше со Манчестер Јунајтед. Сепак, пред почетокот на новата сезона тој отпатува со Борусија Дортмунд на подготвителен камп, а спортскиот директор на германскиот тим порача дека фудбалерот и следната сезона ќе го носи истиот дрес.

Но, Борусија Дортмунд на Твитер налогот објави фотографија од Санчо на која пишуваше „А, сега затворете ги очите“, алудирајќи дека навивачите можат мирно да спијат. Многумина ова го протолкуваа како провокација за Манчестер Јунајтед, кој на крајот не успеа да го привлече младиот офанзивец.