Connect with us

Фудбал

ФОТО: Бугари сакаат да го преземат ФК Вардар, во Бугарија немаат добро мислење за нив

Сопственикот на „efbet“ онлајн платформа за спортско обложување Цветомир Најденов и поранешниот фудбалер Благој Георгиев се спомнуваат како можни наследници на Сергеј Самсоненко. Наводно тие сакаат да влезат во менаџирањето со македонскиот најтрофеен клуб.

Цветомир Најденов – бизнисмен и сопственик на онлајн обложувалници

„Footbla“, спортска дигитална маркетинг агенција која работи на промоција на спортски екипи и настани во Македонија и регионот, објави на Твитер, разговор со престижен бугарски спортски новинар и близок до тамошниот фудбал, кој открива кои се лицата кои сакаат да влезат во Вардар.

Цветомир Најденов е бзинисмен, сопственик на онлајн обложувалници, но и на ЦСКА Софија и Черноморец. За него се вели дека фудбалот не му е примарна цел, туку други дејности.

Благој Георгиев-поранешен бугарски фудбалер

За поранешниот бугарски фудбалер исто така нема позитивни зборови, за кого се вели дека кога играл во Русија, каде поминал осум сезони, наводно земал многу пари „под маса“ за договорени мечеви и коефициенти.