Connect with us

Фудбал

ФОТО: Челзи го чека, а друг клуб му посака добредојде на Каи Хаверц

Во обид да се пошегува, или да биде ироничен, тренерот на Баер Леверкузен, Петер Бош на интересен начин одговори на прашањата каде следната сезона ќе игра нивниот најдобар фудбалер Каи Хаверц.

-Можам ексклузивно да објавам дека тој ќе игра за Хераклес Амело, изјави Бош.

Зошто го кажал овој тим, па веројатно затоа што во минатото два пати беше тренер таму. А, ситуацијата да биде уште поинтересна и клубот Хераклес Амело го продолжи „вицот“, па на своите социјални мрежи објавија фотомонтажа на Хаверц во нивниот дрес и му посакаа добредојде.

Веќе извесен период се пишува дека Хаверц од следната сезона ќе го носи дресот на Челзи.