Connect with us

Фудбал

ФОТО: Девет тестирани, еден позитивен на Ковид 19 во Барселона

Фудбалскиот клуб на Барселона информираше дека деветтмина фудбалери вчера биле тестирани на Ковид 19, кои се дел од претсезонските подготовки, а еден бил позитивен. Засега не се открива името на фудбалерот, но сепак, како што велат од Барса тој нема симптоми и веднаш е испратен во карантин во домашни услови.

Воедно од Барселона додаваат дека веќе се прави анализа со кои луѓе имал контакти за да и тие бидат тестирани. Наводно тој немал контакти во изминатите денови со ниту еден фудбалер кои ќе бидат на списокот за патување во Лисабон, каде Барселона ќе игра против Баерн Минхен во четвртфиналето во ЛШ. Станува збор за група од млади фудбалери.