Тајмаут
ФОТО: Девојката на Роналдо се прости од Дубаи, но со каква слика?
Кристијано Роналдо пред Нова година во Дубаи ја доби наградата „фудбалер на векот“ иако од овој век поминаа само 20 години. „Globe Soccer Awards“ го знаат тоа и порачаа дека наградата се однесува само на првите 20 години од овој век. Тој таму беше и со девојката Георгина и најстариот син.
Сепак, очигледно е дека тој и синот се вратија, а Георгина останала да ужива во убавините на Дубаи. Па, така таа вчера се прости од Дубаи со фотографија која привлече илјадници лајкови.