Тајмаут
ФОТО: Девојката по која полудел Нејмар
Бразилскиот ас во моментов е повреден и не настапува за ПСЖ, па се чини дека има премногу слободно време за социјалните мрежи. Токму таму ја „начекал“ Мелоди Пењалвер, шпанска убавица, Инстаграм модел, но и учесничка на едно бизарно реално шоу.
Мелоди е позната во Шпанија поради провокативните постови на Инстаграм, но и поради појавувањето во реалното шоу, во кое девојки и момчиња мораа да поминат неколку денови сами на остров за да ги тестираат нивните врски, а кога се во близина со некој од спротивниот пол.
Шпанските медиуми, односно „жолтиот печат“ тврди дека Нејмар е многу загреан за Мелоди. Инаку, Бразилецот годинава беше во врска, но кусо, со две девојки кои ги прекина.