Connect with us

Други спортови

ФОТО: Џенифер Лопез станува шефица на познат тим

Како што јавуваат американските медиуми, познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез и нејзиниот маж Алекс Родригез наскоро би можеле да станат сопственици на безбол тимот Њујорк Метс. Како што тврди „Њујорк Пост“ пејачката и некогашната безбол ѕвезда се блиску до таа цел, а се спомнува цифра од неверојатни две милијарди долари.

Актуелните сопственици Фред и Џеф Вилпон се подготвени да го продадат тимот бидејќи загубиле многу пари поради коронавирусот.