Други спортови
ФОТО: Добар е Хабиб, но не е меѓу најдобрите тројца во УФЦ
Конор МекГрегор неодамна за себе си изјави дека е број 2 во УФЦ, а само Андерсон Силва го призна за борец кој е подобар од него. Сепак, страницата која се занимава со ова „Топологија“, го рангираше МекГрегор на 16-то место на сите времиња, а Силва мора да се задоволи со третото месот.
Направена е листа за најдобрите во УФЦ, а иако има скор од 29-0, Хабиб за кого целиот свет зборува по борбата викендов и пензионирањето е дури на шестото место.
Пред него се Џорџ Сент Пјер, потоа Џон Џонс, Андерсон Силва, Димитрус Џонсон и Федор Емалианенко. Но, листата е направена во сите конкуренции, односно во лесна, полутешка и тешка категорија во УФЦ. Во предвид за листата се земени не само бројот на победи, туку и бројот на одбранети титули, нокаути, самите борби, техниката и се останато.

1.Џорџ Сент Пјер – Се пензионираше како крал на полутешката категорија во 2013-та година со 26 победи и два порази. Влезе во куќата на славните на УФЦ оваа година.
2. Џон Џонсон – Стана најмладиот шампион во УФЦ со 23 години, а имаше резултат 26-1-1. Единствениот пораз е контроверзната дисквалификација во 2009-та година на мечот со Мет Хамил. Рекордер е по бројот на одбранети титули.
3.Андерсон Силва – Популарниот Бразилец сè уште може да се пофали со рекордот за најдолго владеење на титулата во историјата на УФЦ, од 2006 до 2013 година со 16 последователни победи во категоријата во средна категорија.
4. Демитриус Џонсон – „Силниот глушец“ ја освои титулата во лесна категорија уште во 2012-та година, а ја одбрани 11 пати по ред. Неговиот скор е 34-3-1.
5. Федор Емалиенанеко – „Последниот император“, така го нарекуваа русинот кој имаше 28 борби, односно од 2001 до 2010-та година без пораз. Имаше скор од 39-6-1. Од вкупно 39-те победи 15 се со класичен нокаут.
6. Хабиб Нурмагомедов – Се пензионираше викендов со скор од 29-0-0. Осум победи добил со класичен нокаут. Во УФЦ дебитираше во 2011-та година.