Фудбал
ФОТО: Дресот на Атлетико Мадрид за новата сезона ја воодушеви фудбалската јавност
Клубовите во Шпанија целосно се подготвуваат за продолжување на сезоната, што е планирано за 12 јуни.
Сезоната во Ла Лига беше прекината пред два месеци поради пандемијата на коронавирусот, но сега конечно треба да се продолжи. Од минатата недела, клубовите започнаа со тренинзи и наскоро ќе добијат дозвола да запчочнат со групни тренинзи.
Но, покрај тоа, клубовите се подготвуваат и за следната сезона. Дресовите за новата сезона веќе се појавуваат во јавноста, а овој пат во центарот на вниманието беше новиот дрес на Атлетико Мадрид.
Најк подготви нешто ново за Атлетико за следната сезона, а дизајнот на дресот ги воодушеви фановите на клубот од „Ванда Метрополитано“. „Footy Headlines“ излезе со фотографии од новиот дрес, а тие навистина ретко прават грешка во објавувањето на нови дресови.
