Connect with us

Други спортови

ФОТО: Дрита Ислами сруши рекорд на Македонија стар 40 години

Во својот настап на Националното првенство за Сениори во Сала кое се одржува овој викенд во Софија / Бугарија, нашата најдобра Сениорка Дрита Ислами го собори националниот рекорд на Македонија на 400м со време 56.35 сек , рекорд стар 40 година со претходна сопственост на нашата атлетска ѕвезда Елизавета Божиновска, кој претходно изнесуваше 56.49 сек.

Иако ова не е нејзината главна дисциплина, најавува одлична претстојна сезона за неа, и очекуваме исполнување на норма за учество на Еврооското Првенство во нејзината специалност 400 метри со пречки.