Фудбал
ФОТО: Едно обично селфи го откри новиот клуб на Месут Озил?!
Месут Озил не се изнаигра во Арсенал оваа сезона. Незадоволен сака да го напушти северен Лондон. Често патува во Турција, а сега одлучи таму да го помине и одморот по завршената сезона.
Интересно е тоа што Озил во Истанбул се дружи со менаџерот на новиот турски првак Башакшехир, Окан Бурук, кој и порано се обидуваше да го донесе во клубот.
Добро е познато дека Озил е во одлични односи со претседателот на турција Реџеп Таип Ердоган, под чија „капа“ се вели дека е и самиот клуб Башикшехир.
Селфито на социјалните мрежи се претпоставува дека е најава за трансферот на Месут Озил во овој тим. Претходно уште еден играч на Арсенал потпиша за оваа екипа. Гаел Клиши веќе една сезона го носи дресот на Башикшехир.