Тајмаут
ФОТО: Екс девојката на Ѓоковиќ за еден ден заработува и 30 илјади евра, изгледа навистина атрактивно
Новак Ѓоковиќ е во брак со Јелена Ристиќ, со која се знаат уште од средношколските денови. Во 2005-та година започнале врска, која ја крунисале со брак во 2014-та година. Сега имаат и две деца.
Сепак, малку е познато дека Новак Ѓоковиќ пред Јелена, бил во врска со Лидија Поповиќ. Тоа беше во времето пред тој да стане планетарно популарен. Двајцата се обидувале да одржат врска на далечина, Нови Сад-Белград, но такво нешто неуспеало па ја прекинале љубовта. По извесно време Ѓоковиќ влегол во врска со Јелена.
Но, што прави сега Лидија Поповиќ. Таа е еден од ретките Ди-џеји во Србија, а изгледа навистина како „бомба“. Не само во Србија, позната е и пошироко, настапува и во Европа под името „Лејди Ли“. Ја нарекуваат уште и „Српската Џеј Ло“ веројатно претпоставувате зошто.
За еден настап заработува и до 30 илјади евра, а на Инстаграм има над 100 илјади следбеници. Во интервју за српските медиуми за врската со Ѓоковиќ изјави дека тој бил секогаш џентламен, не бил папучар, но веројатно дека сега би било поинаку, бидејќи тенисерот е мегапопуларен, за разлика од времето кога биле во врска.
