Тајмаут
ФОТО: Екс фудбалерот излезе пред ТВ со популарната Дилета Леота, но се знае каде гледаат мажите
Федерико Балзарети, поранешен фудбалер на Торино, Јувентус, Фиорентина, Палермо и Рома, но и екс репрезентативец на Италија, во последно време често се појавува на ТВ екраните. Тој работи за италијанската ДАЗН како гостин коментатор.
Балзарети беше на „Џузепе Меаца“, го коментираше мечот помеѓу Интер и Сасуоло (3:3). Но, веднаш до него беше популарната Дилета Леота. По мечот тој објави фотографија на социјалните мрежи која предизвика бројни коментари. Она, што многумина го забележаа е тоа дека Балзарети додека разговара со неа, не ја гледа во очите, туку на друго место. Погодете каде?