Connect with us

Фудбал

ФОТО: Екс капитенот со остри критики-Парите од Лига Европа се во РК Вардар, таму да се бара помошта

Бобан Грнчаров, поранешен фудбалери капитен на ФК Вардар објави фејсбук статус кој практично е остра критика до сите оние кои што бараат Град Скопје да му помогне на ФК Вардар. Тој порачува дека само еден човек е виновен (алудирајќи на Самсоненко) и дека Вардар должи над 2 милиони евра. Воедно порачува дека парите од Лига Европа кои ги доби ФК Вардар се во РК Вардар, па таму да се бара помошта.

-Многу ми е смешно кога гледам коментари град Скопје да помогнел на ФК Вардар. Како прво како Вардар бара помош од град Скопје кога должи над два милиони евра, затоа што кога земаа пари од Европа над пет милиони, не кажаа ај ќе поделиме со град Скопје, за утре да ни помогнат и тие. Вардар е приватен клуб и кога зема пари и кога треба да се дадат пари, единствено за ова што се случува во моментов е виновен еден човек и тој треба тоа да го реши сам (се надеваме дека денеска ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца). А второ, парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, па помош нека бараат од таму, напиша Грнчаров.