Connect with us

Фудбал

ФОТО: Експресно ги врати во Прва лига, па наградата стигна

Досегашниот шеф на стручниот штаб Ване Милков ќе ја води Беласица и наредната сезона во ПМФЛ.
Да се потсетиме, по испаѓањето од ПМФЛ, минатата сезона младиот стратег беше назначен за шеф на стручниот штаб и направи огромен успех, враќајки ја експресно ФК Беласица таму каде што припаѓа.

-Им благодарам на претседателот на клубот и управата за укажаната доверба и наредната сезона да останам на оваа позиција.
Оваа прилика ќе ја искористам јавно да упатам честитки до сите мои фудбалери за влезот во Прва лига, и да им изразам голема благодарност затоа што неуморно, пожртвувано, посеветено и дисциплинирано, на секој тренинг и натпревар го даваа својот максимум, изјави тренерот Ване Милков.