Фудбал
ФОТО Елмас, Несторовски и Муслиу одиграа 50 натпревари за македонската репрезентација
ФОТО: ДЕНИС ДУКОВСКИ | SPORTM.MK
Врамени дресови со нивните презимиња пред почетокот на натпреварот Македонија-Италија добија македонските репрезентативци Елиф Елмас, Илија Несторовски и Висар Муслиу од ФФМ
Наградите се по повод одиграни 50 натпревари во дресот на македонската фудбалска репрезентација.
Беа наградени дополнително од страна на навивачите со громогласен аплауз.
Од друга страна пак, присутната публика го исвирка името на селекторот на репрезентацијата додека официјалниот спикер ги читаше составите.
За потсетување, Нестор 50-тиот меч за Македонија го одигра во март против Фарски острови, Муслиу во март против Малта, Елмас во јуни против Англија.