Фудбал
ФОТО: Елмас трет пат против Барса, дали Гатузо ќе му даде шанса од прва минута?
Македонскиот интернационалец Елиф Елмас и неговиот Наполи вечерва на домашен терен ја пречекуваат Барселона во првиот осминафинален меч од ЛШ. Во изминатите неколку меча со Елмас од првата минута, Наполи забележа победи на четири пресметки. Дали тренерот Џенаро Гатузо повторно ќе му даде шанса од првата минута не се знае, но медиумите во Италија, пред се угледниот весник Газета дело Спорт не го гледа македонскиот интернационалец во почетниот состав.
Според овој весник Наполи во следниот состав ќе се спротивстави на Барселона:

НАПОЛИ: Мерет, Ди Лоренцо, Манолас, Максимовиќ, Марио Руи, Фабијан Руиз, Деме, Зиелински, Каљехон, Мертенс и Инсиње.
Од друга страна, пак, според најавите составот на Барселона ќе биде:
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленглет, Жуниор, Артур, Бускетс, Де Јонг, Меси, Гризман и Фати.
Мечот почнува во 21:00 часот.
Инаку, ова ќе биде трет пат Елиф Елмас да се соочи со Барселона. Претходните два пати беа пријателски средби на кои Наполи доживеа два порази, со 4:0 и 2:1.