ФОТО: Ернесто Валверде го смени имиџот по отказот

Шпанскиот стручњак Ернесто Валверде беше отпуштен минатиот месец од клупата на Барселона.

Валверде веќе подолго време е мета на критики, а на крајот му пресуди поразот во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп од Атлетико Мадрид.

Челниците на Барселона му се заблагодарија за соработката и му посакаа среќа во кариерата. Валверде денеска изјави за шпанските медиуми дека во моментов ужива во паузата од фудбалот и ќе се врати на работа само пред почетокот на следната сезона.

Очигледно за Валверде работата во Барса беше многу стресна и тој едвај чекаше да дојде до пауза. Тој исто така го смени имиџот и ја пушти брадата и мора да се признае дека изгледа многу повеќе одморен.