Фудбал
ФОТО: Еве зошто Ливерпул е шампион, кој останал од првиот состав на Јурген Клоп?
Навивачите на Ливерпул го величат Јурген Клоп. По пауза од 30 години тие се шампиони, или за прв пат нивната лига го носи името Премиер лига. Јурген Клоп дојде на тренерската позиција во 2015-та година. Но, после пет години освои титула, но и Лига на шампиони.

Ова значи дека по четири години Клоп полека изградил тим. Медиумите го објавија и првиот состав на Германецот кога пристигнал во тимот, а може да се забележи дека во однос на денешниот состав само тројца останале. Џејмс Милнер, Наданиел Кјалн и Адам Лалана.