Connect with us

Фудбал

ФОТО: Фантастичниот потег на Гатузо и Михајловиќ

Две легенди, двајца големи фудбалери, а сега тренери кои веројатно допрва ќе се докажуваат во светот на фудбалот. За волја на вистината, Синиша Михајловиќ на оваа позиција има поголемо искуство, но сепак и Џенаро Гатузо може да се пофали со успеси.
Нивниот меѓусебен дуел, односно мечот Болоња – Наполи заврши без победник 1:1, а двајцата тренери направија нешто што го воодушеви светот на фудбалот. Пред почетокот на дуелот, Гатузо седна на клупата на Болоња, веднаш до Михајловиќ, а фотографијата стана хит.