Connect with us

Ракомет

ФОТО: Фитиљ го запре последниот удар на Германците

Македонија оствари големо реми 25-25 против Европскиот шампион Германија, а голема улога во него имаа младите ракометари кои во иднина ќе ја имаат водечката улога во репрезентацијата. Еден од нив исто како и на минатиот натпревар против Црна Гора беше и Филип Кузмановски кој одигра уште еден добар натпревар.

Популарниот “Фитиљ” смета дека со тактиката 7 на 6 одлично им париравме на германците, и на крајот се испадна добро за нашата репрезентација.

„Не очекувавме дека ова ќе се случи, искрено, но требаше да веруваме во себе. Имавме многу промашени зицери во првото полувреме, но мислам дека ги изненадивме со одбраната 5-1, и нападот 7 на 6. Мислам дека одлично испадна бидејки немавме многу време да се подготвуваме за таа тактика, но на крај испадна како треба”.