Тајмаут
ФОТО: ФК Осогово и атрактивната италијанска новинарка Дилета Леота
Второлигашот Осогово уште еднаш покажа дека социјалните мрежи и тоа како можат да се искористат за да се привлече внимание. Имено, тие ја искористија атрактивната спортска новинарка Дилета Леота за им порачаат на новинарите за акредитациите за мечот со Тиквеш.

Љубителите на фудбалот добро знаат која е Дилета Леота, спортска водителка и новинарка која е присутна на фудбалските терени во Италија и која со својата појава привлекува големо внимание.