Фудбал
ФОТО: Фотографијата на Џака од одморот нема да му се допадне на никој во Србија
Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака со прославата на голот против Србија крена многу прашина не само на овие простори, туку во целиот свет.
Поради двоглавиот орел казнети беа и тој и Шаќири, но изгледа дека ни тоа не го спречува повторно да го прави тоа. На некој начин продолжува да провоцира.
На последната фотографија која ја објави на Инстаграм, Гранит со својата девојка Леонита заеднички направија двоглав орел, а таа дефинитивно пробудила лоши спомени кај сите Срби.
Истовремено, Џака уште еднаш доби голема поддршка од Албанија и од Косово, кои ваквите потези секогаш ги дочекуваат со радост и гордост.