Connect with us

Фудбал

ФОТО: Фудбалерите на Интер против Каљари ќе играат во специјални дресови

Фудбалерите на Интер играат на домашен терен против Каљари во недела во 21. коло во Серија А

Интер нема право на кикс, доколку сакаат да останат во чекор со лидерот Јувентус, а за противник го има Каљари, кој е едно од најпозитивните изненадувања во првиот дел од сезоната.

Натпреварот меѓу Интер и Каљари се игра во недела од 12:30 часот, а домашната екипа откри дека фудбалерите на Интер ќе играат во специјални дресови на овој натпревар.

Во Интер сакаат да ја честитаат кинеската Нова Година на посебен начин, па имињата на играчите на дресовите ќе бидат напишани на кинески во чест на навивачите од Кина.