Фудбал
ФОТО: Фудбалерот на Милан ги налути своите навивачи
Поразот од 5-0 на Аталанта ќе биде означен како еден од најтемните денови во историјата на „Росонерите“! Всушност, поминаа 21 година откако се случи таквов „потоп“ на Милан… Но, ако тоа не беше доволно, имаше и еден „лајк“ или допаѓање што Франк Кеси го стави на објавата на Папу Гомез, кој го постигна првиот гол на Бергама, со фотографијата на играчите на Аталанта каде слават…

„Лајкот“ на Кеси го предизвика гневот на навивачите кои се налутија и во коментари го нападнаа и навредуваа фудбалерот кој ги разочара сите.
После тоа Кеси го повлече „Лајкот“, но грешката беше направена!