Тајмаут
ФОТО: Годините само бројка, сопругата на Буфон како виното
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, со своето семејство одмара во северен Бањон, за разлика од многу негови клупски колеги, па и други фудбалери кои уживаа на Ибица, Миконос и други атрактивни места.
Со него е неговата сопруга Д’Амико и трите деца, од кои два сина се од претходната сопруга со која се разведе во 2014-та година.
Но, во фокусот на папараците беше Д’Амико, за која годините се само бројка. И навистина како што велат италијанските медиуми, таа е како виното.
