Други спортови
ФОТО: Ѓоковиќ емоционално го прослави своето враќање на врвот на АТП листата
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера официјално го обезбеди враќањето на првото место на листата на АТП, правејќи историски потфат.
Имено, пред пет месеци, Ѓоковиќ беше 22. светски играч и постигна неверојатна серија на победи, што успеа да се врати на тронот во краток временски интервал. Последниот што го сторил истото беше Марат Сафин, уште во 2000 година.
Ѓоковиќ беше избришан од многумина, но тој успеа да се врати на првото место каде што ја покажа својата спортска големина, а тоа го прослави со емоционална и носталгична порака на Твитер.
Новак ја објавил својата фотографија од времето кога започнал со тенисот, со опис: “Верувај во себе, секој ден”.
Believe in yourself. Every. Single. Day ? #tbt pic.twitter.com/4sDSBsxraZ
— Novak Djokovic (@DjokerNole) November 1, 2018