Фудбал
ФОТО: Големото засилување на Јунајтед фотографирано на аеродром, доаѓа на „Олд Трафорд“
Англиските медиуми објавија фотографија од Бруно Фернандеш направена на аеродром и тврдат дека тој е на пат да го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед. Веќе подолго период преговорите помеѓу англискиот тим и Спортинг траат, но проблем била цената од 80 милиони евра, за која челните луѓе на Јунајтед сметаат дека е превисока.

Португалскиот фудбалер има голема желба кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед, тренерот Солскјер дал зелено светло за трансфер, а според последните информации, веројатно двата клуба пронашле решение околу цената.