Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Голманот на ПСЖ го уништи Ламбурџинито кое воопшто не беше негово

Објавено:

Сезоната во Франција беше официјално прекината пред неколку недели, а на играчите им беше дадена дозвола да заминат на одмор.

Многу играчи на ПСЖ ја искористија можноста да се вратат во своите домови и да поминат извесно време со своите семејства. Меѓу првите што го напуштија Париз беше резервниот голман Марсин Булка.

Полјакот се вратил во родниот Визогрод каде што поминал домашна изолација. Сепак, неговиот одмор не се одвива како што очекуваше.

Имено, полските медиуми денеска објавија дека Булк синоќа имал сообраќајна несреќа и дека тој целосно го уништил Ламборџинито. Тој се обидел да претекне еден автомобил, но изгубил контрола и удрил во Хјундаито кое било пред него.

После тоа, Булка излета од патот, но за среќа тој помина без сериозни повреди. Но, фотографиите покажуваат дека не остана ништо од Ламборџинито што чини 224.000 евра, а што е уште полошо, автомобилот не бил негов, туку изнајмен.

 

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама