Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Голот во 117-та минута го прослави мавтајќи со половиот орган и доби доживотна забрана

Оксфорд Јунајтед добро го „исплаши“ Њукасл и неговите фанови. Откако првиот натпревар на гореспоменатите клубови во 1/16 финалето на ФА Купот заврши со резултат 0:0, во вториот натпревар Оксфорд, успеа да се врати со два гола и да избори продолжение.

Сепак, во 117-та минута, Алан Сен-Максимин постигна гол за водство од 2-3, победа за Њукасл на стадионот „Оксфорд Јунајтед“ и пласман во 1/8 финале во ФА Купот.

По одличната игра и „драмата“ во продолжението, медиумите на Островот, сепак, најмногу зборуваа за еден навивач на Њукасл.

Поточно, тој го прослави голот на Сен-Максимин со мафтање со неговиот полов орган орган – а за нестреќа ТВ-камерите го снимија.

Покрената е истрага, лоциран е навивач и е идентификуван, Мајк Пендриџ, а сега од островот доаѓаат вести дека му е одредена казна за доживотна забрана за влез на стадионите во Англија поради неговиот „перформанс“, откако Њукасл постигна гол.

Сепак, за многумина, оваа одлука беше прилично вознемирувачка. На навивачот му беше изречена доживотна забрана, додека навивачот кој расистички го навредуваше Тами Абрам од Челзи доби забрана четири години, а навивач на Бирмингем кој минатата година истрча на теренот и го удри фудбалерот на Астон Вила Џек Грелиш, доби забрана 10 години.