Ракомет
ФОТО: Горбок му кажа збогум на Вардар преку социјалните мрежи
Сергеј Горбок е уште еден од странските ракометари кои решија да заминат од Вардар. Тој дефинитивно следната сезона нема да биде дел од „црвено-црното“ семејство.
Горбок се збогуваше со Вардар, преку Инстаграм и напиша:
– Голема благодарност досите фанови и градот Скопје. Јас сум многу среќен што успеав да запознаам многу луѓе и сите тие да станат дел од мојот живот. Многу голема благодарност до Сергеј Самсоненко и за најдобриот ракометен клуб во светот. Бев среќен да играм за овој клуб со толку прекрасни луѓе, порача Горбок.