Connect with us

Фудбал

ФОТО: Груби, Бектеши и Адеми во Тирана, во живо гледаат Рома-Феенорд

Првиот вицепремиер Артан Груби, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и пратеникот Арбр Адеми објавија фотографија на друштвените мрежи како седат на маса во локал во Тирана.

Нема информација кога и како пристигнале владините претставници и пратеникот од Собранието во Тирана.

Подоцна тие објавија фотографија како се наоѓаат на трибините на стадионот во Тирана, гледајќи го финалето во фудбалот во Лигата на конференциите.