Connect with us

Други спортови

ФОТО: Хабиб напиша „Се гледаме наскоро“, фановите веднаш на нозе

Хабиб Нурмагомедов испрати порака до претседателот на УФЦ Дана Вајт, а истата привлече огромно внимание и реакции. Тој на Инстаграм објави фотографија на која напиша „Се гледаме наскоро“. Фановите веднаш се кренаа на нозе, а дел од реакциите беше дека тој се враќа во рингот.

Иако Дагестанецот упорно тврди дека се пензионирал и дека нема да се врати, сепак многумина тврдат дека токму ова  е пораката дека ќе се врати во октагонот за да го постигне скорот 30:0, нешто што по неговото пензионирање во една радио емисија го најави токму Дана Вајт.